Polar
Градски велосипед Maccina Avenue
Освои 1.590 поени со оваа набавка
Спецификации
- Боја
- сливова
- Модел
- Maccina Avenue
- Брзини
- 6
Опис
ВЕЛОСИПЕД MACCINA AVENUE 26 6-SPEED
( B261S2426 )
City...
Класичен градски велосипед.
Елегантен, функционален и удобен, дизајниран за секојдневна употреба.
Без разлика дали одите до продавница или возите за рекреација и одржување на форма, најважно е да уживате во возењето во согласност со вашиот велосипед.
Maccina Avenue 6s
Дизајнот на рамката обезбедува висока крутост и стабилност, овозможувајќи сигурно и предвидливо управување. Широкото седиште со пружини ги апсорбира нерамнините од патот и ја зголемува удобноста при возење.
Предната корпа и задниот багажник (пак-трегер) овозможуваат лесен транспорт на вашите работи, што е многу практично – а воедно и изгледа одлично. Над тркалата се поставени калници во боја кои штитат од вода и нечистотија. Велосипедот има и осветлување за подобра видливост и безбедност при ноќно возење.
Опремен е со 1x6 погонски систем. Задниот менувач Shimano овозможува брзо и лесно менување на брзини според теренот и потребите. Shimano системот се одликува со едноставна употреба и издржливост, а менувањето се врши со лесно вртење на рачката на воланот.
За кочење се користат сигурни V-brake кочници – проверено решение кое овозможува добра контрола на брзината и брзо запирање. Нивниот едноставен дизајн обезбедува долготрајна и стабилна работа.
Тркалата од 26” се со гуми кои имаат низок отпор на тркалање и добро прилегање на подлогата.
Погоден за возачи со висина од 1.60 до 1.80 м.
Спецификација:
- Модел: Maccina Avenue 26
- Големина на тркала: 26"
- Брзини: 1x6
- Рам: Hi-Ten челик
- Вилушка: Hi-Ten челик (крута) 26"
- Лежај на вилушка: 1" навој
- Лула: челик 22.2/80mm
- Волан: челик 620mm
- Рачки: Hermans Ergo 90/120mm
- Цевка за седиште: челик 25.4x300mm
- Седиште: Vader
- Обрачи: Beretta 26" алуминиум, двоен ѕид 36H
- Предна главчина: челик 36H
- Задна главчина: челик 36H
- Рачки за кочници: PVC/алу
- Кочници: V-Brake алуминиум
- Заден менувач: Shimano RD-TY21 GS
- Рачка менувач: Shimano SL-RV300-6R (Revo, 6 брзини)
- Заден запчаник: 6 брзини 14-28T
- Ланец: KMC Z6
- Средна осовина: Thun Patrona
- Преден запчаник: челик 40T 165mm
- Педали: City PVC
- Ногарка: челик
- Гуми: 26x1.75
- Опрема: калници, пак-трегер, предно светло + задно трепкачко светло, предна корпа, ѕвонче, заштита за ланец
- Тежина: 17.80 kg
Добро оди со
Рецензии
Сè уште нема рецензии.