Собен велосипед OPAL
Освои 3.290 поени со оваа набавка
Спецификации
- Модел
- Opal
Опис
THUNDER OPAL е напреден лежечки (recumbent) велосипед за тренинг, создаден за корисници кои бараат комбинација од удобност, стабилност и прецизна контрола на отпорот. Електромагнетниот систем со 32 нивоа овозможува прецизно прилагодување – од лесно рехабилитациско возење до интензивен кардио тренинг.
Широката платформа со антиплизгави педали и безбедносни ремени, заедно со големото меко седиште и мрежестото потпирало за грб, обезбедуваат правилна позиција на телото и минимален притисок на колената и лумбалниот дел. Максималната дозволена тежина на корисник е 150 kg, што го прави OPAL погоден и за посериозни корисници.
Главни карактеристики
- Електромагнетски отпор – 32 нивоа за прецизно прилагодување на тежината.
- 10 kg замаец за мазно и природно вртење без трзаи.
- Ергономско седиште со мрежесто потпирало – одлична поддршка за грбот при подолги тренинзи.
- Антиплизгави педали со ремени за стабилен ослонец.
- Максимална тежина на корисник: 150 kg.
- Тивка работа – погоден за станови и за тренинг во било кое време од денот.
- Вграден држач за шише + практичен bidon во комплет.
- Ролки за транспорт за лесно преместување по тренинг.
Компјутер и програми
- 24 преддефинирани програми за различни нивоа на кондиција.
- Рачен (Manual) и WATT режим – целен тренинг по време, растојание, калории или моќност.
- Recovery и Body Fat функции – проценка на опоравување и индикативно ниво на телесни масти.
- Приказ на време, брзина, растојание, калории, пулс, RPM.
- Сензори за пулс вградени во рачките.
- Bluetooth + USB – поврзување со апликации како iConsole и FitShow за виртуелни рути и напредно следење на резултатите.
Технички спецификации
THUNDER OPAL – технички податоциСистем на отпорЕлектромагнетски, 32 нивоаЗамаец10 kgМакс. тежина на корисник150 kgДимензии (Д × Ш × В)159 × 56 × 124 cmТежина на уредот39 kg (со пакување прибл. 50 kg)Напојување230 VОддалеченост педали–рама23 cm (удобна позиција за повеќето корисници)МониторМултифункционален дисплеј – време, брзина, растојание, калории, пулс, RPMДодатоциDrжач и bidon за вода, држач за мобилен/таблет, транспортни тркалаШто добивате во пакетот?
- 1 × лежечки велосипед THUNDER OPAL
- 1 × Bidon за вода
- 1 × Упатство за користење
- Комплетен сет за монтажа
Ако барате стабилен, тивок и удобен велосипед кој овозможува долги седечки тренинзи без оптоварување на грбот и зглобовите, THUNDER OPAL е одличен избор за домашна кардио станица.
Добро оди со
Рецензии
Сè уште нема рецензии.